Џонсон се сретна со Зеленски во Киев
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Премиерот отпатува во Украина за лично да се сретне со претседателот Зеленски, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Обединетото Кралство за Украина и премиерот ќе претстави нов пакет финансиска и воена помош, рече портпаролот на Даунинг стрит.
Амбасадата на Украина во Британија на Твитер објави слика од Џонсон како седи спроти Зеленски на маса.