Град Скопје вонсудски ќе ги решава случаите на каснување од бездомни кучиња

Советот на Град Скопје на денешната седница донел одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

„Вонсудското спогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите приружи процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото“, посочуваат од Град Скопје.

Согласно со новата одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од бездомни кучиња.

Комисијата ќе одлучува врз основа на правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓан

Back to top button
Close