Првиот човек на Лукоил поднесе оставка

Вагит Алекперов, еден од најбогатите луѓе во светот, поднесе оставка како извршен директор на втората по големина нафтена компанија во Русија, Лукоил, пренесува Си-Ен-Ен.

Во соопштението, Лукоил потврди дека Алекперов ќе се повлече од функцијата директор и претседател на компанијата.

 

Не е објаснето зошто Алекперов поднесе оставка, ниту кој ќе ја преземе функцијата.

 

Лукоил произведува повеќе од 2% од светската сурова нафта и вработува над 100.000 луѓе. Има операции во десетици земји и е втора по големина руска нафтена компанија зад државниот гигант Роснефт.

 

Лукоил против вооружениот конфликт

Во соопштението до акционерите, персоналот и клиентите на почетокот на март, одборот на директори на Лукоил рече дека „повикува на што поскоро прекинување на вооружениот конфликт“.

„Го изразуваме нашето искрено сочувство за сите жртви кои се погодени од оваа трагедија. Силно поддржуваме траен прекин на огнот и решавање на проблемите преку сериозни преговори и дипломатија“, додаде одборот.Според Блумберг, Алекперов вреди околу 16 милијарди долари. Претходно овој месец, Обединетото Кралство го замрзна неговиот имот и му забрани влез во земјата.

Лукоил објави дека од 31 март, Алекперов поседувал нешто повеќе од 3,1 отсто од акциите со право на глас на компанијата, плус дополнителни 5,4 отсто преку семејни трустови или заеднички фондови без право на глас.

 

Back to top button
Close