ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите, стои во партиското соопштение,

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите.

Центар за комнуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close