(ВИДЕО) Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ

– Екипите на зимската служба на Град Скопје од вчера доцните попладневни часови превентивно интервенираат на градските сообраќајници по најавите за снежни врнежи, информира синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.
Тој посочува дека посебно внимание се посветува на повисоките делови од градот, особено на Водно, каде што веќе паднал првиот снег.
– Не чекаме да нѐ „изненади“, делуваме пред да падне првиот снег! Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници. Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег – наведе Ѓорѓиевски.
Градоначалникот најавува дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, со цел да се обезбедат проодни и безбедни улици за граѓаните.
– Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици – објави Ѓорѓиевски. ац/
Фото: Принтскрин






