Иранска морнарица: Танкер за нафта се запали откако удри во мина во Ормуската Теснина

Танкер за нафта се запали откако удри во мина во источниот дел од Ормуската Теснина, област каде што пловидбата е забранета, соопшти иранската морнарица.

Според соопштението објавено од иранската агенција Тасним, три танкери за нафта синоќа влегле во ограничената поморска зона, откако претходно ги исклучиле своите системи за идентификација и навигација.

Еден од бродовите удрил во мина, по што избувнал пожар и танкерот бил принуден да застане. Другите два брода го смениле курсот и се упатил назад кон Персискиот Залив.

Во соопштението се нагласува дека сите бродови што имаат намера да поминат низ Ормуската Теснина мора да користат одредени навигациски правци, нивните системи за навигација и идентификација мора да се вклучени и претходно мора да го координираат преминот со иранските вооружени сили.

Иранската морнарица повтори дека Ормуската Теснина ќе остане затворена сè додека не се исполнат целите и барањата на Иран.

Back to top button
Close