Неделков- Договор нема, денеска нова средба со владата

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, објави дека денеска продолжуваат преговорите со Владата за прекин на штрајкот во образованието и во градинките, но дека во моментов нема никаков договор.

– До овој момент немаме договор со ресорните министри. Има сигнал дека попладне ќе се сретнеме во Владата, но подоцна ќе објавиме за конкретни резултати, изјави денеска синдикалниот лидер.

Неделков ја повика Владата, како што рече тој, да смогне сили со усогласувањата на платите.

– Се надевам дека до вечер ќе имаме добри резултати, доколку членството позитивно се изјасни за понудата, најави тој, но напомена дека мали се изгледите за тоа и дека се поизвесно е дека штрајкот ќе продолжи и утре.

Претседателот на СОНК имаше заедничка прес-конференција со Сусан Флокен директор на европската конфедерација на синдикатите за образование – ETUCE.

Back to top button
Close