(ФОТО+ВИДЕО) Анџелина Џоли во Украина – ги посети раселените деца и сирачиња

Актерката Анџелина Џоли ја посети Украина за да се запознае со децата погодени од војната и со локалните организации кои работат на нивна заштита.

w

Џоли, која е специјален пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, се сретна со сирачиња и раселени деца и лица евакуирани од Мариупол, како и со украински волонтери и лекари кои се грижат за нив, јавува Би-би-си.

Актерката ги изненадила луѓето и во кафуле во градот Лавов.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како таа се поздравува и им дава автограми на обожавателите.

 

Back to top button
Close