Касами е за предвремени избори, но не во актуелната ситуација

БЕСА сака предвремени избори, но ако не е време за тоа, ќе бараме од меѓународните партнери дополнителни механизми за контрола на власта, вели Биљал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

– Нашата позиција во однос на актуелната ситуација е многу јасна. Ние нема да навлегуваме со барање за избори па да создаваме дополнителни проблеми за државата и граѓаните. Но истовремено наше барање до меѓународните партнери е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на владата. Ако договориме дека во ситуацијата во која е Балканот поради војната во Украина не е време да се организираат предвремени тогаш мора да се договориме да се создадат тие дополнителни механизми за да се заштитиме од корупција од високо ниво, вели Касами.

Back to top button
Close