Со Јакимовски не биле во контакт од нова година тврди Мицковски- Негира дека му се мешал


Откако старо-новиот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска излезе и кажа дека завршува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, со свој став подоцна излезе и првиот човек на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

„Со Јакимовски од поодамна не сум во комуникација, уште од пред Нова година, ги отфрлувам навредите и обвинувањата и доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција, Што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор.

Бидејќи како што го слушнав во изјавата тој вели дека некој му вршел тортура, изживување и не знам уште што се не кажа, а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера, истакна Мицкоски.

Back to top button
Close