Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести

– Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе биде доставена до Владата за понатамошно постапување.са/

Back to top button
Close