Сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи
– Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.