CП: Во МАНУ „фрлаат ракавици“, двобоите на терен нема да бидат академски
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев одби да го коментира академик Абдулменаф Беџети дека ја прифаќа фрлената ракавица од академик Катица Ќулафкова за формирање трета албанска академија. Тој не сака да зборува за поделбите во Академијата, но најави дека очекува за сите прашања Собранието на МАНУ да заседава по одморите. Коцарев за „Слободен печат“ потврди и дека во МАНУ била закажана седница за „францускиот предлог“, но дека ја одложиле за по одморите.

– Не би коментирал ништо за академик Беџети. Тие прашања треба да се разговараат внатре во Академијата. По одморите, ако некое од одделенијата побара, Собранието ќе одржи седница. Точно е дека седницата за „францускиот предлог“ беше закажана, па одложена за по одморите. Ја одложивме бидејќи за денот кога беше закажана уште го немавме на увид францускиот предлог – ни изјави Коцарев, кој додава дека ако од седницата произлезат заклучоци, тие ќе бидат споделени со јавноста.
…






