(Видео) Се огласија сирените за воздушна тревога во Косовска Митровица

Сирени за воздушна тревога веќе неколку минути се слуша во северниот дел на Митровица.
Според извештаите на теренот во моментов Србите наводно поставиле барикади во кај селата Рудару и кај местото Зубин Поток.
Во општините на север се слушаат сирени за предупредување од воздушни напади кои ги повикуваат граѓаните да излезат на барикадите.

Сирените се многу гласни, многу граѓани се во паника, особено луѓето со мали деца кои се најдоа на улица, пишува KoSSev.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, изјави дека засега нема сознанија за тоа што се случува во северниот дел на градот, освен за сирената што тој самиот ја слуша.
Како што пишува порталот Косово онлајн, се собираат граѓани незадоволни од воведувањето на мерките за реципроцитет, чија примена треба да започне вечерва на полноќ, а кои вклучуваат непризнавање на личните карти на Република Србија на премините.

На граѓаните со српски документи ќе им биде врачен влезно-излезен документ, а утре ќе почне пререгистрацијата на возилата со таблички од Република Србија во регистерски таблички на Република Косово.

Back to top button
Close