(ВИДЕО) Невреме со пороен дожд и град во Скопје

Попладнево скопски Аеродром го зафати силно невреме проследно со пороен дожд, град и силен ветер.
Дел од улиците се под вода, а има и паднати делови од дрва.
Невреме зафати и други делови од Скопје. Дел од булеварите веќе се под вода и го отежнуваат движењето на автомобилите.






