Поезија и проза

Еден пороен дожд од неполн половина час во главниот град покажа колку голема лага е терминот „инвеститори“ во градежништвото чии интереси ги брани секоја локална, а и државна власт од 1991 досега. Последиците од нивните „инвестиции“ ги чувствуваме секој ден со намалување на квалитетот на живот, ама овој пат брутално со потоп ги почувствувавме последиците од коруптивната спрега на „инвеститорите“ со секоја локална власт.
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски вели дека „град без градба е мртов град“. Во право е градоначалалникот, иако не се изрази прецизно. Град со корумпирана градба е мртов град. А негова работа е како градоначалник да не го убива градот. Негова работа е да осигура дека урбанистичките планови ќе се носат исклучиво за јавен интерес и за подобрување на квалитетот на живот. Ако се гради само за интересот на „инвеститорите“ и на тие што им ја одобруваат градбата, без да водат грижа кој ќе остане да живее во нивните „инвестиции“, градоначалникот ќе биде тој што од градот ќе направи мртов град. Или, ајде да не бидеме толку сурови, ќе направи хаотичен град со нервозни и несреќни граѓани.
Така што, се согласувам со градоначалниците дека е важно да се гради. Никој не е против градење. Ама не да се гради така што некој ќе се наполни со пари и ќе избега, а сите ние да се давиме од пороен дожд.
Целата колумна на Горн Михајловски на СДК.мк






