Катарски танкер со гас помина низ Ормус: прв извоз од регионот од почетокот на војната

Танкер со течен природен гас од Катар изгледа дека поминал низ Ормускиот теснец, што е прв извоз на една земја од регионот на Персискиот Залив од почетокот на војната во Иран, пренесува денес Блумберг.

Танкерот „Ал Хараитијат“, кој бил натоварен во постројката Рас Лафан претходно овој месец, излегол од теснецот и моментално се наоѓа во Оманскиот Залив, а Пакистан е наведен како негова следна дестинација, според податоци од агенцијата за следење на бродови.

Преминот на овој брод е најава дека би можело да продолжи поголем проток на течен природен гас, но тоа е далеку од нивоата пред војната од околу три пратки дневно од Персискиот Залив.

Сепак, трговските бродови и понатаму се соочуваат со безбедносни закани, бидејќи и Иран и САД вовеле блокади.

Овој потег следи откако Катар неколку пати претходно се обидел да испрати пратки низ Ормускиот теснец, но танкерите на крај се враќале назад.

Танкерот е управуван од катарската компанија „Накилат шипинг Катар“, плови под знаме на Маршалските Острови и има капацитет од 211.986 кубни метри.

Иранската Револуционерна гарда на 6 април запрела два катарски танкери за течен природен гас, „Ал Дајен“ и „Рашида“, кои се движеле кон Ормускиот теснец и им наредила да останат на местото, без да наведе причина.

Катар е втор најголем извозник на течен природен гас во светот, а пратките најчесто одат кон купувачи во Азија.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close