Северна Македонија и ОБСЕ одбележуваат 30 години партнерство

Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира настан по повод одбележувањето 30 години партнерство на Северна Македонија и ОБСЕ.

Како што најавија организаторите, на настанот насловен „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“ ќе се обратат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тие ќе се осврнат за придонесот на ОБСЕ за Северна Македонија во последните 30 години и за приоритетите на земјава како претседавач на Организацијата во 2023 година.

Back to top button
Close