ВИДЕО: Бајден се збуни и се изгуби на сцената
Американскиот претседател Џо Бајден учествуваше на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк.
Откако го заврши говорот, од публиката следеше аплауз, а 79-годишниот Бајден почна да се повлекува од бината. Но, тогаш тој одеднаш застана и погледна наоколу со збунет израз.
Потоа изгледа ги прашал луѓето околу него како да се симне од сцената, по што повторно се обидел да направи неколку чекори.