Маж од Охрид ја пријавил сопругата за семејно насилство
По секојдневните пријави од жени за семејно насилство, денеска во полицискиот билтен осамна и една пријава од маж, кој ја пријавил сопругата за семејно насилство.

-На 25.11.2026 во 16:55 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид






