Предводникот на новите српски власти, Александар Чупиќ, утре треба да дојде во Охрид

Ако не се промени нешто претседателот на српското собрание и в.д. претседател на Србија, Александар Чупиќ, утре во Охрид треба да ја има промоцијата на новите власти. Тоа треба да се случи на собирот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони.

Домаќин ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Чупиќ беше поканет од Антонио Кошта (претседателот на Европскиот совет) да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во средата во Брисел, но не отиде таму поради таму што мораше да се заврши конститутивната сеница на собранието.

Овој собир, всушност е замена за откажаниот состанок на Процесот Брдо-Бриони што требаше да се одржи во мај 2026 година во Хрватска. Тој беше откажан на 30 март 2026 година од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ поради затегнати односи и политички тензии меѓу Хрватска и Србија по изјавите на тогашниот српски претседател Алексанадр Вучиќ

По консултации меѓу коорганизаторите – словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ – беше предложено состанокот да се премести во Македонија. Сиљновска тоа отворено го прифати.

На состанокот, освен коорганизаторите, Милановиќ и Пирц-Мусар, како и Чупиќ, ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања

Back to top button
Close