Пожар во магацински простории на поранешниот дисконт на „Тинекс“ во Кисела Вода

Синоќа се запалиле магацински простории на поранешниот Дисконт „Тинекс“ на булеварот „Борис Трајковски“.

Пожарот избувнал во придружни простории кои порано се користеле како магацини за утовар на стока.

На терен биле присутни скопските пожарникари и полициски службеници. Седумте пожарникари кои пристигнале со две возила експресно го локализирале пожарот.

Инаку објектот бил затворен повеќе од една година, уште пред продажбата на „Тинекс“.

Back to top button
Close