(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Со кого го направивте дилот за влез на Алта банка?

Филипче порача до премиерот „Лажеше за Дејвид Гета, рече нула денари народни пари. Следниот ден излегоа 5 милиони евра народни пари за журка, во оваа цела немаштија и криза во која живеат граѓаните. Исто така, една безобѕирна и безобразна лага. Лажеше за идентитетот. Се сеќаваме сите на оние реклами што одеа наведнати луѓе, ти викаше „Продаден е идентитетот, Преспа го продала, Преспанскиот договор“ и така натаму. За сега самиот ти да признаеш дека Преспанскиот договор го заштитил идентитетот, а нашиот јазик е веќе признат во Обединетите нации. Ти го кажуваш тоа. Претседателката на ЕК, Фон дер Лајн дојде и тука, директно, отворено, во чело, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик – директно ти кажува немој да лажеш веќе. Немој да ги лажеш граѓаните. Со тебе успех стана во европа да добиеме бесплатен роаминг“.
„Во економијата дебакл. Трета економија сме биле во Европа. Како трета економија? На дното сме по бруто-домашен производ по глава на жител. Луѓето тоа секојдневно го чувствуваат, неконтролиран вртоглав раст на цените, на сè. Сè е поскапено во изминативе две години за 30–40%, од основни производи, гориво и така натаму. Задолжување до бескрај. Неколку следни генерации се задолжени, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. За што? За тековни трошоци. Никаков голем капитален проект. Освен капиталните проекти кои што се започнати во време на нашите влади кои што вие тогаш ги критикувавте дека се најкорумпирани проекти. Само тоа ја придвижува економијата и ништо друго. И во такви околности во таква матна вода ја носите тука Алта банка. Најкриминалната банка во Европа. Банката во која Вучиќ переше пари, и имаше пари од шверц на дрога, руски пари, забранети се секаде во Европа, а вие тука ги донесовте. Давор Мацура еднаш го запреле преку едната компанија, па после тоа сте го пуштиле да влезе тука преку банката“ рече Филипче.
Неговото прашање до Мицкоски беше: „со кого го направивте дилот за влез на Алта банка во државата?“






