ШЕВЧЕНКО ЗА МАЛКУ ЌЕ ПОГИНЕЛ при руското гранатирање: Бев во воз, тие неколку часа беа како цела вечност

Познатиот украински фудбалер Андриј Шевченко се огласи на социјалните мрежи, каде опиша како за малку ќе умрел за време на руското гранатирање.
Денес Русија истрела 80 ракети и 12 беспилотни летала камикази кон Украина. Бев во воз, застанавме под гранати. Тие неколку часа беа како цела вечност“, напиша Шевченко на социјалните мрежи.






