Руски хакери напaднале веб-страни на повеќе аеродроми во САД

Десеттина веб-страни на аеродороми во САД, меѓу кои и неколку од најголемите национални аеродорми, беа недостапни изутринава по хакерски напади на руски хакери, јави Си-ен-ен.

Ова не влијаело на воздушниот сообраќај, но сајтовите биле недостапни за пребарување на информации за патување.

Нападнати биле 14 веб-страни, вклучувајќи ја и онаа на меѓународниот аеродором во Атланта, Џорџија. Исто така, исклучена била и страницата на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, но вратена во употреба до 9 часот изутрината.

Се дознава дека се работи за хакерската група „Килнет”, која започнала активности со напади на организации во земјите на НАТО, а по руската инвазија на Украина во февруари годинава.

Се верува дека таканаречените „хактивисти” се политички мотивирани на страната на Кремљ, но не е познато дали Москва има некаков удел во оваа група.

Групата минатата недела успеа да угаси неколку веб-страници на американски државни институции, како и краткотрајното исклучување на страницата на американскиот Конгрес во јули годинава. Изврши кибер напади во Литванија, откако земјата блокраше испораки на стоки до руската енклава Калининград

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close