Стразбур: По шокантниот говор, откажана работната вечера со албанскиот премиер Еди Рама

По вчерашното обраќање на албанскиот претседател Еди Рама во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, кое мнозинството од пратениците го нарекоа шокантно, Претседателството на ПССЕ ја откажа работната вечера со Рама, поради, како што велат оттаму, „дрскоста и навредите кон многумина”.

 

Претседателството на ПССЕ попладнето ги известило и шефовите на пратеничките групи дека ја откажуваат вечерата со Рама.

Во пораката се наведува дека „по попладневното обраќање на албанскиот премиер Еди Рама, Претседателството одлучи да ја повлече поканата до премиерот за работна вечера”.

Во Советот на Европа дел од пратениците коментираат дека не се сеќаваат досега да се случило вакво нешто, да биде откажана работна вечера со висок државни од некоја земја.

Откако накусо ја нагласи европската интеграција на неговата земја рече дека во Стразбур не дошол за да го осуди специјалниот суд за воени злосторници на Косово, создаден по извештајот на ПССЕ, туку да ја осуди дезинформацијата која доведе до тоа – односно обвиненијата дека постои трговија со човечки органи. Како што рече во обраќањето пред пратениците, оваа приказна била „лага многу убаво фабрикувана во Кремљ и многу добро спакувана и пласирана во храмот на човековите права(ПССЕ)”. Според него, 

иницијатор на оваа резолуција бил рускиот пратеник Козачев, кој потоа беше ставен на црната листа на САД. Истата таа инцијатива беше преземена од ПССЕ и со извештајот на ПССЕ изработен од швајцарски парламентарец и поранешен обвинител Дик Марти донесе резолуција. Сето ова, вели било базирано на „лага и дезинформација“, а како резултат на тоа Хашим Тачи, еден од поранешните лидери на УЧК сека е во затвор. „Такво злосторство не е направено”, повика Рама.

Во прилично емотивното обраќање, Рама го спореди однесувањето на Слободан Милошевиќ на Косово со тоа на Владимир Путин во Украина.

„Од тогаш поминаа 10 години и не е пронајден никаков доказ”, рече Рама изрази изненадување како Карла дел Понте како обвинител не успеа да најде докази и дека била спречена во тоа. Не е најдена и така наречената „жолта куќа“.

Тој побара од Белград да го признае Косово, или, како што порача да се нарекува „Косова” како независна држава, но ако на Белград му треба време за тоа, тој побара од Советот на Европа да го прими Косово во организацијата, со што би си направила услуга и самата Европа.

Обраќањето на Рама предизвика лавина реакции од пратениците. За повеќето од нив ова беше нетактичен, срамен и шокантен говор. 

Франк Швабе од Германија на пример, рече дека останал без зборови, бидејќи според него не е можно да се зборува 60 минути и да не можат да имаат дебата.

Елвира Ковач од Србија рече дека е шокирана од говорот на Рама, таа сакаше да постави прашање за Отворен Балкан, но тоа не може поради говорот која таа во изминатите 15 години не го има слушнато, бидејќи тој не кажа скоро ништо за неговата земја Албанија.

Рама возврати дека ја разбира емотивноста кај пратениците но, рече, не е сигурен дека критичарите разбрале за што зборували ги повика да го прочитаат извештајот повторно и повторно и ќе сфатат зошто е тука.

Back to top button
Close