(ВИДЕО) Американски водител со коментар за Зеленски: Ти си диктатор на најкорумпираната нација во Европа

САД имаат свои критични потреби на кои може да потрошат милијарди долари наместо да ги испраќаат во Киев, тврди водителот на „Фокс њуз“.
„Конгресот треба да ја отфрли божикната листа на Украина со барања за поголема американска помош“, рече ТВ-водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, додека го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото последно барање за десетици милијарди долари за да ја одржи неговата влада во живот.
Зборувајќи за време на неговата емисија во четвртокот, тој го отфрли претседателот на Украина како „диктатор на најкорумпираната нација во Европа“ поддржан од славните личности.
„Што? Некој безобразен странец облечен во маица бара пари за своите критични економски потреби? И ние имаме критични економски потреби, другар. Кој си ти, трол? Изгуби се!“, рече Карлсон како одговор на барањето.






