Шефот на Пентагон повика на одржување комуникација со Москва

 Шефот на Пентагон, Лојд Остин денеска ја истакна „важноста од одржување на каналите за комуникација” со Москва за време на телефонскиот разговор со неговиот руски колега Сергеј Шојгу, соопшти американското Министерство за одбрана.

Пентагон не соопшти повеќе детали за разговорот, додека руското Министерство за одбрана претходно информира дека Остин и Шојгу разговарале за „неколку актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина”.

Остин разговараше и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, кому му ја повтори „непоколебливата посветеност на САД да ја поддржат способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија”.

Остин и Шојгу последен пат разговараа на 13 мај

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close