Маричиќ: Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици.

– Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе водат напред – објави на Фејсбук вицепремиерот Маричиќ.
-Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици.
Денеска На Европскиот самит во Салзбург ја отворивме најактуелната тема од почетокот на војната во Украина, а тоа е „Европа и мирот“ со фокус на „Визиите за Европа – очекувањата и реалноста“.
Во овој отворен дијалог, со високите претставници на ЕУ, на национални влади од различни европски земји и академските експерти се осврнавме на важноста од обединување на ЕУ и се согласивме дека одлучна и просперитетна Европа е тоа што на сите ни треба – напиша Маричиќ.

Back to top button
Close