Мицкоски: За однесувањето на Џамбаски очекувам осуда и од официјална Софија и од европските институции

Ова што денеска го видовме во Благоевград, вели Мицкоски, навистина не личи на луѓе коишто се политичари, а кои доаѓаат од највисокото европско тело, односно Европскиот парламент.

Граѓаните на плоштадот во Благоевград кои беа предводени од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски скандира „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваат и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов. Од безбедносни причини, полицијата не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот, иако беше предвидено и тие да положат цвеќе пред спомениците

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека очекува официјална Софија и европските институции да го осудат однесувањето на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој денеска на плоштадот во Благоевград предводеше група граѓани кои провокативно скандираа и не дозволуваа да се положат цвеќиња пред спомениците на плоштадот.

 

На плоштадот се скандира „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваат и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов. Од безбедносни причини, полицијата не дозволи лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Левица, Димитар Апасиев, да дојдат на плоштадот, иако беше предвидено и тие да положат цвеќе пред спомениците.

 

 

Ова што денеска го видовме во Благоевград, вели Мицкоски, навистина не личи на луѓе коишто се политичари, а кои доаѓаат од највисокото европско тело, односно Европскиот парламент.

 

„Имавте прилика да видите како еден европратеник се однесува, дури и не можам да го коментирам, не знам дали воопшто заслужува тој човек било каков коментар и очекувам осуда од официјална Софија за неговото однесување. И очекувам исто така осуда од страна на европските институции за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и тоа остане неискритикувано тогаш навистина не знам што повеќе да додадам“,вели Мицкоски.

Опозицискиот лидер уште еднаш кажа дека настан како денешниот – отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, требало да биде причина кога политичките разлики треба да се стават настрана, а политичарите да се обединат во име на националните интереси.

„Но, за жал изостана таа можност за единство бидејќи Владата не присуствуваше денеска тука. Имаше претставник од кабинетот на претседателот, имаше претставници од политички партии, но за жал изостана претставник на Владата, што навистина не е во насока на духот на пријателството и добрососедството, затоа што ако навистина има добрососедство и пријателство, не гледам причина да не бидат присутни тука исто како што беа дел од бугарските политичари присутни на отворањето на првиот клуб во Битола, а потоа и на вториот клуб во Охрид“истакна Мицкоски.

Back to top button
Close