Уставни измени: Халили: Мицкоски нема да може да го издржи меѓународниот притисок

Без разлика на неконзистентните и контроверзни изјави на Мицкоски, не верувам дека ќе може да го издржи меѓународниот притисок. Не верувам дека Мицкоски ќе биде толку наивен пред електоратот и пред светот што неговата партија да добие црна дамка и да го спречи почетокот на преговорите со ЕУ, со неисполнување на условот за промена на уставот“, изјави Халили за Деск.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ од радикална позиција дека нема да поддржи уставни измени во ниту еден облик и начин, сега бара гаранции од ЕУ дека Софија нема да бара други отстапки во текот на преговарачкиот процес. Ова, според познавачите на политичките случувања во земјава, навестува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за поддршка на уставните измени со ветување дека Бугарија нема да бара дополнителни измени на Уставот.

Back to top button
Close