Ковачки:Со изборот на Милошевски во АНБ ништо не се менува
Продолжува партизацијата, неспособноста и аматеризмот во АНБ. Изборот на Зарко Милошевски за директор на АНБ значи дека ништо не се менува, туку како што кажува и Али Ахмети, ќе биде „како и до сега”, реагира на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
„Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска. Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор – Виктор Димовски. Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле“,посочува Ковачки.
Според него, Милошевски учествувал на највисоко ниво во безбедносните настани и пропусти во изминатите 7 години.
.Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).