Полицијата ја фати Ивана која јадеше и пиеше во име на Општината Ѓорче Петров и градоначалникот

МВР соопшти дека таа признала оти лажно се претставувала како вработена во општинската администрација и од повеќе ресторани нарачувала храна на сметка на фирми со кои наводно соработувала Општина Ѓорче Петров

Извесната Ивана која јадеше и пиеше по кафеани и ресторани во име на Општината Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски, е откриена. Станува збор за жена на возраст од 36 години со иницијали И.А. Таа вчера била на разговор во полициска станица и го признала делото.

„На 16.12.2022 во Полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со И.А.(36) од Скопје. Таа се сомничи дека лажно се претставувала како вработена во општина Ѓорче Петров и од повеќе угостителски објекти нарачувала храна во име на фирми со кои наводно соработувала општината. Во разговорот таа го признала делото“,велат од МВР.

Оттаму најавуваат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесат пријава.

За случајот во средата (14 декември) од Општина Ѓорче Петров јавно се пожалија и апелираа до угостителските објекти да не наседнуваат на ваквата измама.

 

Back to top button
Close