Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три автомобили и автобус, тројца однесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава кај Белви, каде што, според првичните информации на „Скопје1“, се судриле три автомобили и автобус.
На местото интервенирала екипа на Брзата помош, која укажала помош на тројца повредени, по што тие биле пренесени во болница.
Од силината на ударот, едно од возилата се свртело и удрило во заштитната ограда покрај патот.
На коловозот се расфрлани и делови од возилата кои учествувале во несреќата.
Засега нема информации за степенот на повредите на лицата кои се пренесени во болница, ниту за причините што довеле до судирот.
Се очекуваат повеќе информации од МВР по увидот.






