Божикен ручек во Прилеп за 500 деца

 

Околу 500 деца од повеќе градови, деца без родители, деца од различна вероисповед, по 17-ти пат денеска беа на заеднички Божикен ручек во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот. Децата упатија желби за среќно и безгрижно детство и за радост во семејството.

 

Александра Северкоски, извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот нагласи дека е најбитна детската радост и посака да ја има повеќе во 2023 година.

– Освен децата, членови на здружението, на божикниот ручек имаме деца од Тетово, од Скопје, од Штип, Струмица, од Охрид, Битола. Децата се среќни, а и ние како организатори што оваа традиција продолжува, со надеж дека оваа година ќе ни биде посреќна, а лошите мисли ги оставивме зад нас. Целта што сакаме да ја постигнеме е мотото на здружението „едно небо за сите деца” и пораките децата да се почитуваат меѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите да придонесуваме кон градење на нашето општество – рече Северкоски.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески им додели пакетчиња на децата и им посака да имаат безгрижно детство.

Back to top button
Close