Закажано судењето против Жан Митрев. Кривичен го прифати обвинението

Советот за оценка на обвинителниот акт го одбобри обвинението против кардиохирургот, Жан Митрев и неговата приватна болница и за на 28 февруари го закажа првото судско рочиште.
-Ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, соопштија од Кривичниот суд.






