ДИК: Излезноста до 9 часот е 6,26%
Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 9 часот е 6,26 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 113,590 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 2.815 избирачки места.
По изборни единици податоците до 9 часот се следни:
ИЕ 1 – излезност од 7,91 проценти
-општина Аеродром најголема излезност со 10,16 проценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 1,99 проценти
ИЕ 2 – излезност од 6,51%
-општина Ѓорче Петров најголема излезност со 9,15 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 1,81 проценти
ИЕ 3 – излезност 7,23%
-општините Крива Паланка 11,46% и Пробиштип 10,27 проценти имаат најголема излезност, додека најниска излезност има во Чашка од 3 проценти
ИЕ 4 – излезност од 7,68 %
-општина Новаци најголема излезност со 10,87 проценти
ИЕ 5 – излезност од 6,14%
-општина Кривогаштани најголема излезност со 13,01 проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 1,78 проценти
ИЕ 6 – излезност од 3,37%
-општина Јегуновце најголема излезност со 4,17 проценти, додека најниска излезност има во Врапчиште од 1,39 проценти