И овие избори во Бугарија без јасен победник

Бугарските конзервативци и либералите, се чини, и овој пат ќе имаат изедначени резултати на вонредните парламентарни избори, што навестува нова загатка за формирање стабилна влада во земјата, забележува Франс прес.

Ова беа петти избори во Бугарија за две години, додава агенцијата.

Според различни излезни анкети, коалицијата предводена од поранешниот проевропски премиер Кирил Петков и конзервативната партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов имаат речиси еднаков резултат. Уште еднаш, излезноста на гласачите беше многу мала (38,49 проценти), додава агенцијата.

Агенцијата Франс прес оценува дека доколку по овие избори не се формира влада, повторно ќе има привремен кабинет назначен од претседателот Румен Радев, кој и самиот е жестоко против испраќање оружје во Украина.

Реформистичката коалиција предводена од поранешниот премиер Кирил Петков е веројатниот победник на изборите во Бугарија, според резултатите од излезната анкета, забележува Асошиетед прес.

Back to top button
Close