ВИДЕО: МВР со објаснување зошто постави кордон на протестот во Крива Паланка
Полицијата денеска постави кордон на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир и на улицата „Св. Јоаким Осоговски“, со цел да ја гарантира безбедноста на граѓаните за време на најавениот протест во Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Ве известуваме дека на денешниот најавен протест во Крива Паланка од страна на МВР беше поставен кордон на магистралниот пат Крива Паланка и Деве Баир и улицата Св.”Јоаким Осоговски” со цел да им се обезбеди сигурноста на граѓаните. Протестот е завршен без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир“, информираат од МВР.
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА
Причина за незадоволството на жителите се повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка, при што, според нивните реакции, предизвикуваат штети на земјоделските посеви и имотот, но и загриженост за безбедноста.
Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој порача дека граѓаните нема да бидат оставени сами во барањето решение за проблемот






