Француски амбасадор во Софија: Колку се забавува промената на Уставот, толку се одложува членството на Македонија во ЕУ

Aмбасадорот на Франција во Бугарија, Џоел Мајер, во интервју за БГНЕС предупреди дека, колку повеќе Македонија ја забвува промената на Уставот, толку повеќе го одложува и своето членство во ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа.

„Тоа се заложби кои беа реафирмирани во рамките на ЕУ, но оваа одлука за

пристапувањето не е автоматска за ниту една земја. Овие земји мора да покажат

волја и способност да се изедначат со европските стандарди. Ова значи дека

понекогаш треба да се спроведат некои прилично тешки внатрешни реформи, тешки од

гледна точка на економијата. Понекогаш тешко е тоа да се објасни на пошироката јавност, но

ако сакате да влезете во ЕУ, треба да ги спроведете овие реформи“, вели Мајер за БГНЕС.

 

Тој посочи дека понудата на секоја земја ќе се разгледува според сопствените заслуги и

лични достигнувања и дека секоја земја треба да покаже дека прави напори за влез во ЕУ.

 

„Бидејќи Северна Македонија не е исклучок од сето она што го кажав досега, таа исто така треба да спроведе одредени реформи пред да се приклучи. Францускиот предлог е резултат на колективната работа на сите земји-членки. Тој дозволи да се создаде перспектива за пристапување на РСМ во ЕУ, бидејќи ова е од интерес на самата земја и од интерес на сите Европејци кои се нејзини соседи, односно тие да имаат соседна земја која ги исполнува европските стандарди.

…

Повеќе

Back to top button
Close