Столтенберг за придобивките од НАТО: Експерти отидоа во Скопје да помогнат за дојавите за бомби

Северна Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата, порака денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето видеообраќање на првиот Одбранбен форум во Скопје, организиран од Министерството за одбрана.
Форумот се поклопува со тригодишнината од членството на Северна Македонија во НАТО за што тој порача дека земјава денес има рамноправен глас во дискусиите и ја ужива целосната заштита од Алијансата. Говорејќи за придобивките, како пример ја наведе поддршката од експерти од НАТО во справувањето со дојавите за бомби.






