Тоне брод со повеќе од 400 луѓе, капетанот исчезнал
Вода почнала да навлегува во брод на кој има околу 400 луѓе, кој без контрола плови меѓу Малта и Либија, објави службата за поддршка „Аларм телефон“, пишува британски „Ројтерс“.

Бродот го напуштил Тобрук, Либија во текот на претходната ноќ, а повикот за помош пристигнал од бродот.
Според „Ројтерс“, бродот останал без гориво, нема капетан и никој не може да управува со бродот.






