Под урнатините во Марсеј пронајдени две тела

Околу 24 часа по уривањето на зграда во центарот на Марсеј, службите за итни случаи синоќа пронајдоа двајца мртви под урнатините. Со оглед на тешката состојба, извлекувањето на телата ќе потрае, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на противпожарната бригада. Пожарот неколку метри под урнатините значително ја отежнал спасувачката работа. Сѐ уште е непознато дали загинатите се двајца од осумте исчезнати лица.

При уривањето на зградата, делумно се урнаа и две соседни станбени зградиПри уривањето на зградата, делумно се урнаа и две соседни станбени згради

 

Надеж за пронаоѓање преживеани

Според информациите, во урнатата зграда живееле осум лица. Според обвинителот на Марсеј, Доминик Лоренс, досега нема информации за нив. Луѓето не одговарале на повиците, а роднините загрижени ги контактирале властите. Се претпоставува дека затрупаните се главно постари луѓе и една двојка на возраст околу 30 години. Веројатно немало деца во зградата кога се урнала. Под урнатините би можел да биде и еден маж од соседната куќа. Неговата поранешна девојка изјавила дека по несреќата не можела да стапи во контакт со него.

 

Голема штета и евакуација

Пет лица од соседните згради се повредени при уривањето кое се случи ноќта во саботата (8 април). Превентивно се евакуирани околу 30 згради во околината. Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, изјави во неделата вечер дека сè уште има надеж да се спасат живи луѓе од под урнатините, но таа е многу мала. Но, борбата продолжува, порача тој.

При уривањето на четирикатната зграда на улицата Тиволи во петтиот арондисман во Марсеј, беа урнати и делови од две соседни згради. Неколку часа подоцна една од оштетените згради целосно се урна. Причината за уривањето најверојатно е експлозија на гас.

Back to top button
Close