Воените вежби што ги одржавме се сериозна закана за Тајван, тврдат властите во Пекинг

Неодамнешните воени вежби на Кина кои симулираат окупација на Тајван се „сериозно предупредување“ за властите на островот и тие кои ги поддржуваат, соопштија денеска властите во Пекинг.
„Народноослободителната армија неодамна организираше и спроведе серија контрамерки во Тајванскиот теснец и околните води, што е сериозно предупредување против комуникација и провокација од страна на тајванските сепаратистички сили и странските сили“, изјави за новинарите портпаролката на канцеларијата за Тајван, Жу Фенглијан.
Во текот на викендот, Кина спроведе воени вежби околу Тајван, како одговор на посетата на нејзиниот претседател Цаи Инг-вен на Америка.
Кина ги сметаше вежбите „Обединет меч“ за неопходни за „одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.
Од граѓанската војна во 1949 година, Тајван сака независност од Кина, која го смета за дел од својата територија и ја осудува секоја форма на политичка комуникација со владата на островот. Кина тврди дека Тајван ќе го сочува во рамки на својата територија „макар и со сила“.
Тајванската претседателка Цаи Инг-вен и претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти се сретнаа минатата недела во Калифорнија, а пред состанокот Кина се закани со „одлучни контрамерки“ доколку тој се одржи.






