Дванаесет странски државјанки од кои пет без регулиран престој откриени во угостителски објекти во Охрид

Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид вчера во два угостителски објекат откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава.

Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

Back to top button
Close