Крадци на бакар го украле државниот грб од шпанска амбасада
Шпанската амбасада во Скопје вчера остана без државниот грб на Шпанија кој стоеше на самиот влез на зградата, дознава „Фокус“. Ноќта помеѓу саботата и неделата крдци ја украле плочата, а бидејќи е изработена од бакар, се претпоставува дека мотив за кражбата е препродажба.
Случајот се најде и во полицискиот билтен. Од МВР соопштија дека преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
„На 16.04.2023 во 9:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека од фасадата пред влезот на странска амбасада во Скопје бил одземен нивниот државен грб“, велат од МВР.