„Инклузива“ ги следи изборите со свои набљудувачи- забелешки за можностите за гласање на лица со попреченост

 Набљудувачите од Здружението „Инклузива“ имаат повеќе забелешки  во однос на можностите за гласањето на лицата со попреченост во државата, соопштија денеска надлежните од Здружението на прес-конференцијата.

„Инклузива“ ги набљудува парламентарните избори со 70 набљудувачи – лица со попреченост кои следат 210 избирачки места.

Според извештајот на набљудувачите, дел од местата за гласање не биле пристапни за лицата во инвалидски колички, немало простор за одржување на социјална дистанца, на некои места параваните за гласање на инвалидизираните лица не биле поставени или биле поставени на несоодветни места, немало пристапни рампи, ниту ракохвати. 

Претседателката на „Инклузива“ Благица Димитровска информираше дека на поголем број места немало сликовити прикази за гласање, на некои избирачки места шаблоните за гласање не се употребувале или не биле поставени на маса, набљудувачите се жалеле на односот на членовите на општински изборни комисии.

Таа пренесе дека набљудувачите имале и забелешки и укажале дека немаат можност  за одржување физичка дистанца, а поединци на неколку гласачки места во државата не носеле заштитна опрема. Некои места биле тесни за да можат да се движат лицата со попреченост кои користат количка или помагала.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close