Тетово и Јегуновце со над 30 отсто одѕив на гласачите до 17 часот

Малку повеќе од една третина од граѓаните евидентирани во избирачки список излегле да гласаат на вонредните парламентарни избори во општините Тетово и Јегуновце до 17 часот.

Во Општина Тетово до 17 часот гласале 33,72 отсто од граѓаните, додека Општина Јегуновце бележи 32 отсто излезеност.

Во останатите општини има под 30 проценти излезност. Во Општина Теарце гласале од 29,70 отсто, додека во Брвеница 28,61 отсто излезеност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.

Боговиње и Желино се општините со најмалку граѓани кои досега гласале.  Во Боговиње има 27,55 отсто излезеност, додека во Желино одѕивот на гласачи е 23,13 проценти.

Back to top button
Close