Убиен македонски државјанин со кол во Сончев Брег, осомничен е 14-годишник

Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец,пренесе 360 Степени.

Во четвртокот околу 11:00 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска површина до ресторанот Бацвата на Сончев Брег – Запад.

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец. Се истражуваат причините за убиството. Работата на случајот ја продолжуваат вработени во одделението за „Криминална полиција“ при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одредена потерница до 24 часа.

Back to top button
Close