Започна исплатата кон „Бехтел и Енка“ за отпочнување на изградбата на Коридорите 8 и 10д

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека Владата го задолжила Министерството за транспорт и врски да ги започне трансакциите на финанските средства кон компанијата „Бехтел и Енка“, а се во согласност со Договорот и се наменети за отпочнување на работите.

Ковачевски вели дека пеналите кои ги споменува опозицијата, не постојат.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми тврди дека договорот е според правилата на Фидик.

– Кога компаниите почнуваат со работа, вршиме авансно плаќање за мобилизирање на компанијата што ќе врши градење, но и за сите други трошоци. Се е според договорот со „Бехтел и Енка“ и според програмата што е помината на Влада за плаќање на сите тие средства. Ние ги почитуваме договорот и програмата на Владата, бидејќи тие средства се буџетски средства и сме во тек да ги реализираме сите тие трансакции што произлегуваат од договорот, изјави денеска Рустеми.

За овој проект, државата од Буџетот ќе одвои над 1,3 милијарди евра. За годинава веќе се одобрени 243 милиони евра преку Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Предвидена е изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) на Коридорит 8 и делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д. Според најавите, годишно ќе се градат просечно по 25 километри, а километар ќе чини 12 милиони евра.

Back to top button
Close